Во рамките на проектот "Креативен бизнис план за успешни претприемачи" се одржа работилница во просториите на Универзитетот American College од страна на Фондацијата “Ново Образованите за бизнис” - Скопје. Во оваа работилница учество заземаа дел од средношколците од “Васил Антевски –Дрен” заедно со нивниот ментор, професор по бизнис - Лидија Ќосева.
Работилницата се одржуваше во периодот 11.11.2013 - 13.11.2013 година.
Работилницата се одржуваше во периодот 11.11.2013 - 13.11.2013 година.
Целта на оваа работилница беше да се поттикне претприемачкиот дух на младите средношколци и да се прошири нивниот хоризонт во поглед на можностите, достапни за претприемачите. Изработката на бизнис план беше навистина интересно доживување. Обучените кадри од Универзитетот имаа задача и се потрудија во најдобро светло да ни ги доближат информациите поврзани со оваа област. Успеаа на еден интересен начин да ни покажат како бизнис планот претставува неминовна алатка за реализација на сопствената бизнис идеја и да ни дадат една визија за чекорите кои не водат до успех во животот.
Проектот беше успешно реализиран и од голема корист за нас средношколците, особено од економската струка. Тој ни ја зголеми мотивацијата за понатамошно активирање и учество во други екномски проекти, а воедно и ни овозможи да се стекнеме со потребни информации за структуирање на еден успешен бизнис план на нашето или друго претпријатие во иднина.