Влијанието на медиумот врз младиот човек
Масовни медиуми,термин кој најчесто се користи за да се означи оној дел од медиумите кои допираат до многу голема публика. Колкаво и какво влијание имаат тие врз сите нас ?Кога говорам за медиумите мислам на телевизијата и нејзиното неизбежно влијание врз младината но и врз секој човек. Медиумите моментално во XXI век претставуваат највлијателен фактор во секојдневието на нас обичните смртници кои многу тешко ја сфаќаме реалната слика за светот и реалноста која секојдневно не опкружува. Живееме во некој имагинарен свет плод на она што нас ни го сервира некој. Токму тоа ни го прават медиумите, не одалечуваат од било која точка на реалноста. Постојано се некои негативности слушаме: за поплави, земјотреси низ светот, воени напади, случаи на силувања, педофилија...Дали размислуваат дека овие работи пред ги следат и малечки умови кои се како сунѓер впиваат се што ќе им се пласира, Современите технологии го зголемуваат бројот на информации кои пристигнуваат до децата. Најчесто се случува до нив да пристигнуваат информации кои штетно влијаат врз нивниот психофизички развој. Со оглед на тоа што во нашата земја има слаба регулатива за заштита на децата од штетни информации, тие остануваат незаштитени од ова опасна современа појава. Примањето информации од медиумите и по електронски пат се повеќе станува начин на кој децата и младите го формираaт својот став кон состојбите во општеството, поради тоа информациите кои допираат до нив треба да придонесат во градењето на здрави личности. А зарем не гледаме што ни пласираат медиумите, ни ги сервираат на тацна работите на кои не треба ни да помислиме. Гледам се повеќе насилства во медиумите, а се помалку едукативни емисии. се повеќе политички маркетинг се помалку документарни емисии. Чист пример се ТВ сериите.Се поголем е бројот на серии со насилства,грозни убиства, крвопролевања..Зошто не се емитуваат се повеќе хумористични серии кои се апсолутен хит во насекаде светот? Додека сме кај сериите,сега најактуелни се турските серии.Им го знаеме и почетокот и крајот.Се запознаваат,се сакаат, сверквата не ја одобрува врската но при крај омекнува и,на крај пак се заедно и среќно си живеат до крајот на животот.На кој канал да свртиш, гледаш дека тоа е едниствено што ти се нуди на телевизиските програми. За жал ниту цртаните не се тоа што беа.Каде се оние цртани за кои ни раскажуваат родителите со сјај во очите каде се оние цртани од поблиското минато? Како наеднаш сите тие инетерсни детски цртани филмови кои со големо задоволство и во подоцнезните години се гледаат наеднаш ги снема од телевизиските екрани? Зборувам лично во свое име, тотално сум разочарана од она што почнаа да го претставуваат медиумите кај нас.Ретки се, многу се ретки оние канали кои што навистина содржат интересни содржини и едукативни работи како еве на пример Discovery.Но исто така знам и дека ретки се оние кои што вртејќи по каналите ќе застанат баш на овој канал.Всушност нема ни да стигнат до него, претходно ќе наидат на Pinк, ќе ја видат Сека Алексич полугола, па нормално дека тука ќе застанат.Тоа беше она што не интересира,глупоста,кичот,голотијата,секој вид на неморално однесување, и зошто?Поради слава и пари и ништо друго.Штета, штета што растеме во вакво општество во вакви средини, штета и за наредните генерации, нема што да им оставиме.Вака не се градат личности, цврсти личности кои ќе знаат што сакаат во животот.Вака само создаваме искомплексирани и исфрустрирани ликови кои се водат под влијание на туѓи мислења и ставови.Овој начин на живот не може да се измени преку ноќ, свесна сум за тоа.Но е во постепена тенденција кон постепено изменување на начинот на кој медиумите ги презентираат информациите.
Средношколците живеат во нереален ,,фејсбук свет”
Денешното време е време на промени. Технологијата и науката секојдневно се усовршуваат што понекогаш навистина се прашувам што ќе ми донесе наредниот ден. Можеби некој нов тренд како што се фејсбук, твитер, инстаграм и многуте интернет страници од кои младината станува зависна. Средношколците се станати толку зависни што дури не би знаеле како да го искористат времето доколку поминат еден ден без фејсбук.
Се сеќавам на времето кога се уште одев во основно училиште. Немав комјутер дома затоа што во тоа време компјутерот беше луксуз. Но, мене тој луксуз не ми беше потребен. Имав барбики и мечиња со кои можев да играм, имав топка, и добро се сеќавам, брат ми ме учеше да играм фудбал на улицата пред нашата зграда. А, улицата беше полна со деца од сите возрасти. На лето, додека имаше дневна светлина, игравме фудбал, ракомет, одбојка, а кога ќе се стемнеше игравме криенка и граница. Родителите одвај не прибираа дома, а ние со нетрпение го чекавме наредниот ден за да ја довршиме играта. Се сеќавам дека соседот постојано ни викаше полиција затоа што ја шутиравме топката во неговиот двор и затоа што не можеше да се одмара од нас.
А, по некое време, родителите ни ги купија првите комјутери. Престанавме да ги играме друштвените игри меѓусебе и се затворивме дома пред комјутерите, не надевајќи се дека еден ден буквално ќе не оттргнат од пријателите, оставајќи не да живееме во еден нереален свет.
,,Во денешно време ако немаш фејсбук си личност без идентитет”
И ете, станавме средношколци кои веќе немаат време да ги довршат игрите на улиците. Тоа го оставивме на идните генерации, нашите следбеници. Но, каде се тие? Јас не ги гледам веќе на улицата пред мојата зграда. Најверојатно се дома, играат игри на комјутер или седат на фејсбук.
Во денешно време ако немаш фејсбук си личност без идентитет. Така е тоа во нашиот нереален свет. Сами си го изградивме, таков и ќе го живееме. Главна преокупација на моите врсници е токму фејсбукот. Дали да ја стават таа слика од новогодишната забава, плашејќи се дали ќе соберат доволно ,,лајкови”, или пак да стават ,,чек ин” кога се излезени некаде, за сите да знаат каде се. Најмоќното оружје кога немаат храброст да му кажат нешто на некого е објавувањето песна на нивниот профил и цитирањето одреден стих кој ја пренесува пораката. Фејсбукот е причина за започнувањето на многу врски, но уште повеќе за нивното прекинување. Изолирани од вистинскиот свет, тие својата личност ја градат преку нивните објави и коментари на интернет. И што е најтрагично, забораваат како да се однесуваат во реалниот свет. Кога излегуваат некаде, тие повторно се на фејсбук, пишувајќи каде се и како им е таму. Па очигледно штом го прават тоа им е многу здодевно.
Каде ли води овој начин на живот? Дали сосема ќе се изолираме од сите околу нас, вклучувајќи го и семејството, или пак ќе живееме нормален живот, само олеснувајќи го нашиот процес на образование и комуникација?
Живот без фејсбук
Фејсбукот премногу ми влезе во потсвеста, и затоа решив да пробам и без него. Ми требаше храброст и време, но на крај одлучив да го деактивирам профилот. По долго време се почувствував некако слободно. Не морам на никој да се правдам за тоа каде сум била, зошто сум ја ставила таа слика, да се нервирам зошто некој не ми пишал или не ми ја лајкнал објавата. И зачудувачки, имав време за се. Ги завршив сите задачи и имав време и да се прошетам со другарките. За прв пат после долго време не објавивме на фејсбук каде сме, туку едноставно уживавме во времето поминато заедно.
Да признаам понекогаш се чувствувам како исклучена од целата цивилизација, не успевајќи да дознаам некои новости што навистина ми се важни, што ме потсетува и на корисната страна на нереалниот свет во кој живеев до пред некое време. Но, не се каам, баш напротив. Новостите секако доаѓаат до мене, така што воопшто не ми е тешко да се прилагодам да живеам во реалниот свет. Сепак во него и живеев до пред некоја година, и бев навистина посреќна.
Еми Веселкоска

(Не)Можностите на младината во нашето општество
Од младите зависи иднината на заедницата. Кај нас во Македонија, како иднината да не зависи од младите. Неизмерлив е фактот и загрижувачка е бројката на средношколци и студенти кои после сопственото оскудно образование не ја гледаат сопствената иднина и иднината на својата држава во неа. Уште пострашно е што истите тие не го гледаат и постоењето на сопствената држава. Како веќе да исчезнала или е во секојдневно исчезнување. Најголемо влијание има неизвесноста и незнаењето за работата која е целта на целокупниот процес на обрзованието. Програмите според кои би требало да се одвива образовнието, не се смета за компактабилен со барањата за вработување што ги имаат поставено работодавците кои можат да понудат решение на тоа прашање. Покрај задолжителното образование, младите во нашата држава можат да се едуцираат преку неформалното, кое може да помогне многу во дефинирањето на личноста, со големиот избор на активности преку кои го изјаснува и својот став. Истиот може да помогне при петиции и анкети кои би ја прикажале ситуацијата на младината пореално. Од друга страна, Владата се има погрижено и за останатите граѓани, од кои во последно време беа актуелни пензионираните лица што добија привилегии од типот бесплатно возење во одредени денови од неделата, бесплатно скијање во Маврово, користење на жичара, и останати слични донесени одлуки. Најдобро знаат постарите со какви тешкотии се справувале во своето време, додека ние успеваме да се пожалиме со предностите што ги носи нашето време – технологијата, големиот пристап до информации, во било кое време, за кои што треба само ние како индивидуи да покажеме интерес. Покрај овие, самиот начин на живот не била до толку извештачена, и мислам на денешницата, во која сите се здобиваат со знаење, до тој степен што е намален интересот за соработка и правење услуга од типот “За доброто на сите”.
Состојбата во државата може да се спомне тука. Не на нашата само, воопшто за најголем дел од постоечките. Се истакнуваат секаков тип проблеми од не толку голема важност, прикажани од позицијата или опозицијата доколку заборави првата нешто да каже. Во ред би била целата ситуација, се додека не се занемаруваат дискусиите во врска со младите и нивните можности што се минимални во сопствената држава. Сепак, станува збор за долгогодишни проблеми кои се провлекувале без некој да обрне некое посебно внимание, грижејќи се само да се исполни тоа што е предложено од други. Секако дека од нешто мора да се тргне, но би било од некое значење да се заврши до крај, за да покаже некакви резултати при спроведување.
Проблемот најубаво може да се согледа ако се земе во предвид од каде почнал да се појавува. Од самото раѓање детето е опкружено со информации и личноста се гради од најмала возраст, однесувањето е условено од потесното семејство, подоцна и градинката, учителките.. Тој период поголем дел од работите ги разбираме буквално, имаме склоност кон емотивни реакции. Едно од работите на кои што е најлесно да се развие во овој период е да се употреби продуктивно фантазијата и креативноста, најчесто преку пренесување замислена слика со боици на хартија, или пак со вклучување на детето во разни активности каде ќе може да види во што вложува најмногу од себе. Покрај образованието што е неминовен дел од животот, ако правилно се искористи времето ќе се остави простор и за други вонучилишни активности. Во другите држави, поконкретно во ЕУ многу од младите на возраст од 15-30 години се откажуваат од можноста да го продолжат образованието, па се трудат да се вработат. Интересен е фактот што најголем дел од нив успеваат во тоа, додека во држава во развој, како Република Македонија, се преполнуваат квотите на факултетите и пак имаме висока стапка на невработеност, со која имаат потешкотии да ја доведат во ред.
Освен тоа, младите луѓе обрнуваат доста внимание и на спортот и зависно од посветеноста на индивидуата ќе оствари успех. На тој начин полесно можат да дојдат до успех, бидејќи доколку се докажат доволно, ќе добијат можност да просперираат повеќе и во некои други тимови, надвор од границите на нашата држава. Од поголема важност е и фактот дека нема позначајни законски ограничувања, единствено што може личноста е да се труди да се надмине себе. Реформите само се фактор кој ги зголемува или намалува шансите за добра иднина на младината. И покрај споредбите со други земји не може да ни го овозможи ниту една од нив тоа што може сами со себе да го направиме. Со промената на себе кон подобро, ја овозможуваме таа подобра иднина кон која цели целото човештво.

Животот на младите во Македонија
Република Македонија е големо битие испреплетено со нишката од различни индивидуи, стилови на однесување, контраст во визуелизацијата на работите, разлики во толкувањето на настаните во општеството и различно чекорење кон иднината. Постојоат големи и значајни разлики во начинот на живеење на младите од аспект на односот порано и сега.
Во минатото децата најголем дел од нивното слободно време го поминуваа надвор. Тие играа најразлични игри со топка, возеа велосипед, играа со џамлии, трчаа по ливадите и игралиштата без притоа да внимаваат дали ќе паднат , ќе се исечат на некој остар предмет и сл. По неколку падови и гребнатинки децата ја запознаваа суштината на проблемот со кој се соочиле и лесно го наоѓаа решението. Децата во тоа време немаа големи проблеми со концентрацијата во училиште и немаа време за имагинарни пријатели создадени преку социјалните мрежи. Тие растеа и се развиваа во здрава средина и навистина ја знаеа границата помеѓу животот на улица и животот во образовните институции.Започнав со компарација на најранливите жители затоа што иднината и избраниот пат во животот на секој човек потекнува од неговата најмала возраст- детството. Со секојдневното менување на генерациите и воведување на новата технологија се смени и начинот на размислување и дејствување на младите и сите луѓе воопшто. Иако се наметна брзото темпо на живот во нашава земја сепак тој стана пасивен во одредени работи, исполнет со нови начини на дејствување и со безброј скептици наоколу. Не само што најранливите генерации се плод на големи умови понатаму тие се тука да не потсетат дека среќата постои насекаде околу нас и дека животот е убав доколку ние самите вложиме и го направиме таков каков што го посакуваме. Како минува времето младите, а воедно и возрасните забораваат колку е убава среќата иницирана од малите нешта. На патот кон созревањето голем дел од нив го губат тоа чувство. Да! – Тоа е така затоа што во денешно време секојдневно сме оптоварени со мислата како да се преживее утрешниот ден , голем дел од нас живеат од денес за утре, но не затоа што сакаат туку напротив на тоа ги принудува променетиот начин на живот. Размислуваат дали ќе имаат доволно финансиски средства за да ги задоволат своите физиолошки потреби пред се, а понатаму и останатите. Иднината на голем дел од нас луѓето станува се понеизвесна , во голема мера опаѓа и оптимизмот кој придонесува за појава на секојдневни варијации во расположението. Кога луѓето треба да дадат соодветен одговор на некои животни прашања тогаш малите нешта се белината на листот околу црната точка која тие не ја забележуваат.
Денешното време е време исполнето со голем број на обврски, слободното време не е доволно ниту за најблиските, а за останатите ни во најмала мера. Работата на луѓето е многу динамична. Слободните мигови кои се посакувани од сите нас се ставени под прашалник. Деновите поминуваат со налик еден на друг исполнети со монотонија. Преферирам да се избегнуваат некои работи со цел да се подобри животот на младите во Македонија а и пошироко. Дел од работите кои не треба да бидат дел од нас се: Неактивноста, нелојалноста, алчноста на луѓето, лошиот баланс помеѓу работите кои ги сакаме и работите кои можеме да си ги дозволиме, недоволен сон, нездраво тело и дух, непотребни караници, неорганизираност, имагинарен свет и сопствена негативност.
Наместо тоа ние младите треба секојдневно да се стремиме кон создавање на сопствената иднина под услови кои ние самите ќе ги создадеме. Животот започнува од внатрешноста. Самата суштина на нашето битие го чини системот на вредности. Иднината која подложи на главна цел со сигурност ќе биде подобра од било што, што се случило во минатото. Внатрешните движења на умот ги контролираат надворешните движења. Она што ќе го замислите е она во кое треба да верувате дека ќе се оствари. Треба секој од нас да ја негува сопствената идеја, да ја сака и да ја доживува како вистина ако сакате да се оствари во вашиот живот. Многу е важно да се нема самоограничувачки уверувања туку да се има широк хоризонт на можности кои можеме да ги оствариме. Треба да ја збогатуваме нашата иднина со нови информации и да се придвижуваме кон патот кој не прави среќни, иако секојдневието ни го приложува спротивното. Она што ќе го издржиме денес ни дава големи подготовки и предности во однос на сето останато кое ќе ни го сервира и припреми иднината во нашата земја. Најголемиот впечаток кој еден млад човек може да го добие од самото живеење во Македонија е тоа дека шансите за успех и просперитет значително опаѓаат и затоа секој од нас се труди и секојдневно се стреми кон поставување на поголеми цели кои водат кон поголем успех. Мора да се напомене и дека голем број од младите своето образование го завршуваат надвор од границите на нашата земја, а дел од нив не ни размислуваат да се вратат. Број на млади емигранти со текот на годините се зголемува се повеќе и повеќе, а сето тоа се должи на лошата состојба во која се наоѓа државата, односно нејзините граѓани. Бранот на иселувања на младите е драстично зголемен и сето тоа е потврдено со аналитички податоци од Државниот завод за статистика. Немоќта да се овозможат целосно средства за мирен и спокоен живот, за егзистенција, да се овозможат услови за студии а потоа и за вработување се главните причини и поттикнувачи за емиграција. За родителите сето ова е претешко, а несомнен е фактот дека никој не презема ништо околу задржување на младиот свет во границите на државата. Покрај овие работи во последните години во Македонија е зголемен бројот и на разводи. Во оваа наша земја каде што тешко се наоѓа работа и каде што стандардот е многу понизок во однос на другите земји , разводот помеѓу паровите се гледа како едно од најприфатливите решенија кои постојат. Повторно тука децата, односно младите се жртви.
Затоа сметам дека најдобра алтернатива за продолжување на животот на младите во Македонија е да бидат футуралистички ориентирани. Да веруваат во она што сакаат да го постигнат во животот и да се трудат тоа да го направат.

Гласот на учениците од Васил Антевски - Дрен
По покренатата „акција“ да се слушне гласот на учениците од В.А.-Дрен, училиштето доби многу поплаки и пофалби од страна на учениците во врска со училишниот инвентар, наставниот кадар, како и материјалот којшто тие го изучуваат. Задача на учениците беше да одговорат на неколку кратки прашања, со што ќе можат да го искажат својот став кон училиштето.
Зошто го сакам моето училиште?
Првото прашање ни малку изненадувачки, имаше најбројни одговори. „Го сакам Дрен бидејќи го сметам за добро училиште каде што можам да стекнам знаења кои ќе ми помогнат за понатаму во животот.Планирам да продолжам на правен факултет и сметам дека работите што ги изучувам во ова училиште ќе ми бидат добра основа и од корист. Дрен го сметам за училиште во кое има авторитет и добра настава“ -изјави анонимен ученик.
„Го сакам Дрен затоа што е ВРВОТ.“
„Го сакам затоа што запознав многу нови луѓе кои многу ги засакав и со кои ги поминав најубавите моменти“
„Дрен го сакам затоа што е најубаво школо! И има убави женски!“ -беа зборовите на неколкумина ученици кои сметаа дека е доволна само една реченица да го опишат задоволството што се дел од ова средно училиште.
Други пак, незадоволството го искажаа кон професорите, нивната „одбивност“ и незаинтересираност за тоа дали учениците можат и се способни да ги извршат сите задачи кои се бараат од нив, како и за инвентарот во некои од училниците.
Што научив во моето училиште?
На второто прашање кое се однесуваше на тоа што научиле во училиштето, учениците најмногу се изјаснија околу правните и економски стекнати знаења кои ќе им бидат од голема помош во иднина. Наспроти тоа, имаше и интересна изјава од незадоволен ученик која гласеше: „Научив дека има нешто подосадно од шпански серии.“
Што ќе променам и што можам да придонесам во моето училиште?
Поголемиот дел од одговорите се однесуваа на тоа дека учениците доколку би имале шанса би промениле неколку работи, но дека тоа не е во нивна можност. „Не можам ништо да придонесам затоа што не се вреднува трудот на ученикот. Дури и ако успееш ќе биде само за професорот да се фали со твојот труд.“ -изјави уште еден анонимен ученик. Од друга страна, гордо беа спомнати сите награди и дипломи кои тие можат да ги постигнат во име на училиштето.
Зошто ме привлекуваат кафулињата околу училиштето повеќе отколку часовите во училиштето?
Тука учениците одговорија едногласно, односно дека во кафулињата не им е потребно посебно внимание и концентрација, како и дека тие таму го наоѓаат оној мир и спокој, кој ги опушта од стресот пред испрашувања и тестови, изјавувајќи: „Ме привлекуваат повеќе кафулињата затоа што има многу строги професори што ме гушат и воздух наоѓам во нив. Мислам дека сите треба да бидат поопуштени за да му биде убаво секому!“
Дали се чувствувам слободен во моето училиште?
Со кратки одговори учениците се изјаснија дека се чувствуваат слободно, но не доволно.
Покрај овие одговори, имаше и неколку писма кои не одговараа на прашањата, туку беа напишани во вид на текст во однос на тоа што би требало да се промени во училиштето. Јас, како дел од новинарската секција, би сакала да издвојам едно кое го привлече моето внимание и воедно мислам дека е вредно да се сподели.
„Сметам дека во ова училиште има еден страшен недостаток во однос на практичната настава. Ние како идни правници ја немаме потребната пракса, нашите знаења не можеме да ги преточиме во таа пракса. Лишени сме од можноста да видиме како функционираат сите правосудни органи и слично. Доколку ова школо сака да произведе поквалитетен кадар треба да обезбеди ПРАКСА во вистинска смисла на зборот. Нашата пракса се сведува на акти кои ги учиме на памет, тоа треба да се промени!“
Останатите неколку текста, се однесуваа на неправдата во оценувањето, односно како што ние би нарекле, добивање оценки „со врски“. Моето мислење не се разликуваше многу од она на сите останати соученици, односно дека колку и да се трудиш, оние „со врски“ ќе имаат секогаш подобри оценки, ако ништо друго, незаслужени, се додека не не посети психологот на нашето училиште и ми го смени ставот во потполност. Еве како гласеа зборовите на незадоволен ученик по таа причина: „Бев присутна на сите работи кои сметам дека не се правилни. Сфаќаш дека без врски колку и да учиш сепак ќе бидеш помалку од оние кои без никакво знаење од шала ги добиваат оцените и на крај излегуваат со подобар успех. Во јуни се чудиш како тоа некој што цело време не се појавувал на часови и имал слаби оцени ти ги покажува оцените исти како и твоите што ти си се трудел и вложувал да ги добиеш, а тој дошол на готово и поклонето. А најлошо е кога ќе видиш нечии незаслужени оцени подобри од своите а ти си свесен и знаеш дека е неправда, трпиш во себе и се прашуваш како е можно тоа. Сигурно истото лице ќе го заземе твоето место на факултет а потоа и работното место.“
А сега, ќе ги цитирам зборовите на психологот упатени кон ученик „со врски“ кој може да го побијат секој ваков аргумент: „Ти можеби ќе станеш директор, но доколку оние на пониска позиција се пообразовани од тебе, тешко дека ќе ја задржиш твојата позиција, како и целата твоја фирма.“
За крај, како ученик на ова економско и правно училиште кое постои веќе 100 години, би сакала да кажам дека покрај сите добри и лоши работи, сум благодарна што сум дел од него и сум среќна што можам да учествувам во вакви активности кои со надеж ќе помогнат при креирање на нова и среќна училишна средина за сите нас.