Преку глума, танцување, ораторство и пеење, средношколци од 17 училишта настапија на манифестацијата во Универзална сала под името Гимназијада, минатиот петок на 6-ти Декември.
Мотото на оваа манифестација: “НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ” ги поттикна средношколците да ги истакнат своите таленти од различни области и да ја доведат нивната креативност на највисоко ниво. Самите ученици играа улоги на режисери, сценаристи, актери, преку кои се обидуваа на публиката да и покажат во што тие се најдобри и да им ја покажат својата порака преку мултимедијални проекти, а таа гордо ги отпоздрави со громогласен аплауз.
Сите ученици на оваа манифестација се обидоа на најдобар можен начин да ги претстават своите училишта : "ПТТ" , "Арсени Јовков" , "Никола Карев" , "Орце Николов" , "Раде Јовчевски Корчагин" меѓу кои и нашето училиште "Васил Антевски-Дрен" , кадешто учениците од 4-та година се потрудија да ја пренесат пораката за поздрава и почиста околина и да ја подигнат еколошката свест во општеството.
Целта на овогодинешната Гимназијада беше да се даде можност на средношколците да излезат од своите училишни простории и да ги покажат своите таленти и желби преку сценски настап.
Целта беше исполнета.