Во рамки на заеднички проект на Град Скопје,Невладината организација Х.Е.Р.А. и средните училишта во Скопје меѓу кои и нашето училиште СЕПУГС "Васил Антевски Дрен" , ќе се организираат низа активности во кои може да се вклучат сите заинтересирани ученици.
Како дел од тие активности ги издвојуваме тематските работилници во кои заедно со други ученици ќе може да споделувате искуства,ставови во контекст на здравите навики,модерното живеење на младите,потребите и предизвиците со кои се соочувате и вештините со кои најдобро би се справиле со истите.
Истовремено ќе се организира и награден конкурс за фотографија и есеј на тема:
“Љубов,Другарство,Разбирање-тоа е се што ни треба!”
Од изборот на најдобрите фотографии и делови од текстовите ќе биде изработен флаер кој ќе ја обележи оваа генерацијата во нашето училиште.
Сите ученици кои ќе се вклучат во проектот ќе добијат сертификати за учество во проектот.
Заинтересираните ученици да се пријават кај проф. Дијана Арсовска и Светлана Аспровска-Тодоровиќ.