ПО ТРИ ОДИГРАНИ КОЛА, МРЕЖАТА НА „ВАСИЛ АНТЕВСКИ - ДРЕН“ СЕУШТЕ МИРУВА
Во рамките на лигата на град Скопје, во футсал женска категорија, девојките од нашето училиште се натпреваруваат во група 1 во која и покрај нас учествуваат: СУГС „З.Цветковски“ СУГС „Б.Миладиновци“ СУГС „Д.Влахов“ и ДСУ „Л.Личеновски“
Во есенскиот период се одиграа три кола. Во првото коло нашата екипа како носител на група (поради освоеното трето место од минатата година) беше слободна. На 03.12.2013 се одигра второто коло во кое нашето училиште играше против „З.Цветковски“ и извојува победа од 5:0
Вчерашниот ден 17.12.2013 беше исто така победнички од 8:0 со екипата на „Б.Миладиновци“.
Во исчекување на пролетниот период, девојките од екипата во футсал при нашето училиште ветуваат уште добри игри!