Одбојкарките од СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен” ја отворија средноучилишната одбојкарска сезона на град Скопје со победа врз одбојкарскиот тим на СУГС ,,Марија Кири Склодовска” во групата Г.
Одбојкарките на ,,Васил Антевски – Дрен” триумфираа со 2:0 во сетови и тоа со убедливо водство од 25:3 во првиот, и 25:5 во вториот сет. Главен атрибут на победничкиот тим беше сервисот, додека противничките имаа големи проблеми како со приемот, така и со нападот. Предност на економистките беше и домашниот терен и поддршката од публиката.
Освен овој натпревар, во салата на ,,В.А. Дрен” се одигра и натпреварот помеѓу останатите училишта од групата Г - ГУЦ ,,Здравко Цветковски” и СУГС ,,Браќа Миладиновци” кадешто одбојкарките на ГУЦ Здравко Цветковски остварија победа. Екипата на СУГС ,,Јосип Броз-Тито” беше слободна во ова коло.
,,Ова беше еден добар тренинг, дополнителна подготовка за натпреварите кои следат. Сметам дека е потребно уште некое време да се уиграме меѓусебе, но со редовни тренинзи и посветеност имаме шанси да се пласираме во понатамошниот дел, а и да се натпреваруваме во натпреварите за медал, зошто да не?”- вели капитенот Еми Веселкоска.