Футуристички алки што мерат колку учениците се заинтересирани/се досадуваат на час, е најновиот проект на Бил Гејтс вреден 1,1 милион долари. „А да ги дадеше парите за учебници?“ замеруваат критичарите.
Бил и Мелинда Гејтс сакаат да се осигураат дека децата на училиште се анимирани, па за таа цел нивната фондација издвоила пари за тестирање на „галвански“ нарaквици.
Потегот е дел од мисијата на милијардерот за подобрување на квалитетот на предавањата на наставниците. Една од неговите контроверзни идеи беше и инсталирање камери по училниците.
Алките би требало да мерат колку електрицитет спроведува кожата, што се разликува според нивото на влажност. Потните жлезди пак се контролирани од нервниот систем, па така спроводливоста на кожата би се искористила како знак за емоционален одговор.
„Зошто некој би трошел пари на вакви работи, кога некои училишта не можат да ги платат ни сметките за струја?“ реагира јавноста.
Плус, се отвора прашањето колку би биле веродостојни „мерењата“ на алките, ако емоционалниот одговор на децата не е поттикнат од предавањата на наставниците, туку од шепотењето на неговото другарче.
„Нели е поедноставно да се прашаат децата што мислат за часовите?“ забележуваат критичарите на иницијативата на Гејтс.