Мотивирани од септември и почетокот на учебната година, одлучивме да направиме мала анализа на расположливите велосипедски паркинг места кај образовните институции: средни училишта, факултети, библиотеки, студентски домови. Резултатите од анализата ги испративме до соодветните институции. Подолу е испратеното писмо.
*#*#*#*#*#*#*#*#*
Почитуван декане / директоре / наставници / професори / студенти / ученици,
Ви се обраќаме во врска со нашата анализа на расположливи паркинг места за велосипеди пред образовни институции. Ви се обраќаме вам, бидејќи и вашата институција беше цел на анализата. Најголем дел од средно и високо образовните институции беа посетени од страна на вело-активистите од НаТочак.
Што е НаТочак?
НаТочак е неформална група граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство и се залагаат за подобар вело-град. Секоја последна среда во месецот возиме заедно по улиците на градот во име на признавањето на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, промовираjќи го велосипедот како урбано превозно средство и актуелизирајќи ги прашањата неопходни за непречено сообраќање со него.
Септемвриска критична маса #5
Септември е почеток на школската година и решивме со активностите да ги опфатиме средните училишта, факултетите и некои образовни институции и направивме мала обиколка на дел од нив за увид во состојбата со паркинзите за велосипеди.
Целта на оваа анализа е да покажеме со споредба дека има примери во градот Скопје кои останатите образовни институции треба да се потрудат да ги следат.
Редовно, во сите случаи, се повторува законитоста дека колку повеќе паркинзи има пред институцијата, толку повеќе луѓе доаѓаат до неа на велосипед.
Доколку покрај името на институција нема податок со евидентирани вело-паркинг места, тоа значи дека институцијата не била посетена од активистите.
Еве ги резултатите мини акцијата можете да ги погледнете на сликите подоле: