Најдобра на државната матура со просечна оценка 4.08 е скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, а Најслабо рангирано училиште, според резултатите постигнати на државната матура е кумановското училиште „Киро Бурназ“ со оценка 1.65.
Скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ четврта година по ред е најдобра на државната матура со просечна оценка 4.08 на тестовите по екстерните предмети. По неа споерд успехот на учениците на државната матура следуваат битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ со оценка 4.06, па скопското средно училиште „Орце Николов“ во 4.03, прилепското училиште „Мирче Ацев“ со 3.89 и училиштето „Св. Климент Охридски“ од Охрид со просечна оценка 3.88, додека на доброто шеснаесето место се наоѓа Средното економско и правно училиште „Васил Антевски - Дрен“ од Скопје со просек од 3.59, каде со истиот просек на петнаесетото место се наоѓа гимназијата „Никола Карев“ од Скопје.
На испитите на 9 и на 12 јуни годинава биле оценети 36.719 тестови по сите екстерни предмети на државната матура, а просечната оценка е 3.10.
Целосните резултати, како и рангирањата на училиштата можете да ги најдете тука.